fbpx

AllSecure

Целосно Решение за Интернет Плаќања

Allsecure

Вашиот Партнер за Интернет Плаќања

AllSecure беше основана во 2001 година на Малта, со главна цел да обезбеди имплементација и управување на напредни решенија за електронско плаќање. По 15 успешни години на работа, беше направено стратегиско решение за фокусирање исклучиво на развој и имплементација на иновативни е-комерц решенија. Ова, првенствено, вклучува плаќања онлајн и преку мобилни уреди, преку платежни картички и други алтернативни методи на плаќање. Веруваме дека ерата на затворените EFT-POS решенија заврши и дека на современите трговци треба да им се понудат централизирани “omni-channel” решенија за плаќање. Во врска со тоа, AllSecure денеска нуди на своите корисници, е-трговци, банки и други финансиски организации, целосна служба за прифаќање на електронски плаќања. Ова вклучува Платежна Порта, услуги за поддршка, професионални консултации и услуги за управување со системи за превенција на ризик. Со годините на соработка со банки и најголемите трговци, тимот на AllSecure стекна почитувана репутација и во регионот. Сме препознати како компанија посветена, првенствено, на одржување на највисоките стандарди на услугите кои ги обезбедуваме.

Луѓето на AllSecure

Временската перспектива открива дека тимот на AllSecure, составен од експерти во индустријата на плаќањата, стекна завидна репутација за обезбедување на надежни и ефикасни платежни решенија на своите клиенти веќе повеќе од 20 години.

market knowledge

Познавање на пазарот

Соработувајќи со нашите партнери, успешно функционираме на пазарите на Југоисточна Европа и Европска Унија веќе многу години. Ова ни дава искуство потребно за да бидеме најдобар партнер на трговците кои планираат глобално проширување.

best technology

Технологија на врвот

AllSecure обезбедува водечка технологија, богати опции за процесирање на плаќањата преку различни канали за плаќање и пристап до стотици аквирери и методи за плаќање низ целиот свет.

ГЛОБАЛНИ ФИНАНСИСКИ ПАРТНЕРИ

AllSecure соработува со голем број на банки/аквирери, како во регионот, така и глобално. Ова ни овозможува да им понудиме на нашите клиенти најоптимално решение според нивните специфични барања. Подолу е список на предпочитани банки-партнери, првенствено регионални. Можете да не контактирате за информации за банки/аквирери за пазарите што ве интересираат.

Безбедни онлајн плаќања?

Овозможуваме на трговците да примаат плаќања на својата веб-страница и мобилна апликација од купците во Македонија и странство.
Allsecure
Основана во 2001 година, компанијата AllSecure стана глобален провајдер на електронски плаќања, со растечка мрежа на корисници низ цела Европа. Во соработка со водечките регионални и европски банки, ние обезбедуваме услуги за процесирање на плаќања преку најсовремениот платежен гејтвеј на пазарот, сертифициран како PCI level 1. Понудуваме различни поврзани услуги за поддршка и консултации, како и најсовремени решенија за превенција на ризици при плаќањето.
Контакт Инфо
Secured By
pcidss
visasecure
mcidcheck
amexsafekey
dinersprotectbuy
Методи на плаќање
VISA
mastercard
maestro
dinersclub