fbpx

ПРОФЕСИОНАЛНИ УСЛУГИ

Помагаме ви да контролирате, но и да проширите вашиот постоечки интернет бизнис

Professional Services

Вашиот советник за услуги на плаќање

Трговците се соочуваат со тектонски промени кои влијаат на тоа што голем број од нивните досегашни корисници преминуваат од физичките на интернет купувања. Не само тоа. Денешните купувачи очекуваат да им се овозможи едноставно и интегрирано искуство за време на купувањето. Разликата меѓу трговијата преку мобилни апликации и онаа што се извршува на веб продавниците практично исчезна. Се појавуваат разни методи на плаќање кои станаа задолжителни на одредени тржишта… Трговците сега мораат да се фокусираат на изборот на најдобриот партнер и најкачественото техничко решение, за да може да одговорат на овие растечки барања на нивните купувачи. Тимот кој го води AllSecure, со своето многугодишно искуство во водењето на големи и мали бизниси низ комплексниот свет на картичарството, електронските плаќања и безбедноста, ќе биде тука да ви помогне да донесете најдобро решение во секоја фаза на вашиот бизнис.

ТЕХНИЧКИ
РЕШЕНИЈА

Соработувајќи со голем број на водечки банки и процесори, во регионот и светот, и со пристап до најсовремените технологии во светот на електронските плаќања, сме во позиција да предложиме најоптимално решение за различни бизнис модели.

ГЛОБАЛНО
ПРИСУСТВО

Нашите глобални стратегиски партнерства ни овозможуваат да креираме решение за прифаќање на интернет плаќања што одговара на различни пазари и купувачи. Можеме да ви помогнеме да дефинирате специфични бизнис потреби и да предложиме најдобро решение за нив.

МОБИЛНИ
ПЛАЌАЊА

Процесирањето на мобилни плаќања веќе не е само тренд. Имати напредно решение за мобилни плаќања денес претставува кључен фактор ако сакате да го зголемите вашето клиентско јато и останете релевантен учесник во трката на пазарот.

УСЛУГИ
НА БАНКИТЕ

Ние им помагаме на банките, процесорите, трговците и другите учесници во индустријата на електронските плаќања да концептуализираат, изградат и спроведат бизнис модел што одговара на современите потреби на пазарот.

ПРЕДВЕНЦИЈА
НА ПРЕВАРИ

Заедно со вас работиме на дефинирање и имплементација на специфични решенија што ви помагаат да автоматизирате и прилагодите го процесот на откривање на преварничко и ризично поведение при електронски плаќања.

МЕТОДИ
НА ПЛАЌАЊЕ

Нашиот консултантски тим нуди предлози и настави за креирање стратегија и примена на најоптималните методи на плаќање за секој бизнис модел и различни пазари.

Искуството е важно...

Безбедни онлајн плаќања?

Овозможуваме на трговците да примаат плаќања на својата веб-страница и мобилна апликација од купците во Македонија и странство.
Allsecure
Основана во 2001 година, компанијата AllSecure стана глобален провајдер на електронски плаќања, со растечка мрежа на корисници низ цела Европа. Во соработка со водечките регионални и европски банки, ние обезбедуваме услуги за процесирање на плаќања преку најсовремениот платежен гејтвеј на пазарот, сертифициран како PCI level 1. Понудуваме различни поврзани услуги за поддршка и консултации, како и најсовремени решенија за превенција на ризици при плаќањето.
Контакт Инфо
Secured By
pcidss
visasecure
mcidcheck
amexsafekey
dinersprotectbuy
Методи на плаќање
VISA
mastercard
maestro
dinersclub