fbpx

ОТКРИВАЊЕ И СПРЕЧУВАЊЕ НА ПРЕВАРИ

Обезбедете највисокиот степен безбедност со задржување на високата стапка на конверзија

Risk Management

Безбедност на прво место

AllSecure ги заштитува вашите платежни трансакции. Интегрираното решение за управување со ризици и нивна превенција обезбедува на трговецот широк спектар на филтри за откривање на превари, како и апликации кои служат за забрзување на плаќањата и намалување на бројот на рекламации, правејќи го интернет бизнисот безбеден и удобен. Користиме повеќе нивоа на заштита и така значително намалуваме потенцијалните ризици. Со повеќе од 100 различни алатки за препознавање на ризично поведение и примена на најсовремената технологија и знаење, доаѓаме до избалансиран модел на заштита и профитабилност на интернет трговијата. Препознајте ги преварите пред да се случат!
Internal Risk Tools

Внатрешни алатки за превенција на ризици

Комплексниот и робустен систем ги фати и анализира секоја трансакција пред да биде испратена за одобрување. На овој начин трансакцијата може да биде прекината или насочена кон дополнителни проверки, па дури и да биде ставена на чекање пред крајната одлука. Системот вклучува голем број функционалности како што се:

  • Црни и бели листи: Блокирајте одредени купувачи базирани на географската локација, или оние купувачи кои ги препознале како преварантски. Блокирајте картички кои учествувале во обиди за превари.
  • Проверки на честота: Контролирајте ја честотата на трансакции кои доаѓаат од одредена IP адреса, од одреден купувач или ограничете генерално број на трансакции на таа количина што ја очекувате.
  • Ограничување на износи: Конфигурирајте Минимален и Максимален износ што го прифаќате на вашата интернет продавница и така намалете го ризикот од поголеми превари.
  • Отпечаток на уредот: Идентификувајте го секој купувач, дури и преварант, така што ќе создадете профил за секој уред кој бил користен при плаќањето.

СОГЛАСНОСТ

Грижиме се за споредбата со стандардите и правилата на картичките организации уместо вас, вклучувајќи ги и PCI DSS и PSD2.

ВАЛИДАЦИЈА НА ПОДАТОЦИТЕ

Секој внес се првин валидира согласно стандардите пред да се испрати на авторизација кај банката.

ТОКЕНИЗАЦИЈА

Систем со сертификат PCI-DSS кој служи за токенизација и чување на осетливи податоци од платежните картички.

External Risk Tools

Екстерни Системи за Превенцију Ризика

Веќе сме поврзани со најпознатите екстерни системи за препознавање на превари. Може да ги користите како додаток на нашите интерни алатки за управување со ризици или целосно да ја пренесете одговорноста за ризиците на нив.

  • 3D Secure (верзија 2): Одговорноста при неовластено користење на платежните картички на овој начин често се пренесува на банката на купувачот или на самиот корисник на картицата.
  • Специјализирани екстерни алатки: Поврзете го вашиот Kount, ReD, Ethoca и ThreatMetrix налог како додатен слој заштита за вашите онлајн трансакции.
  • ID Check Insight: Повишена стапка на успешни авторизации и генерално забрзување на трансакциите се две основни предности кои се постигнуваат со примена на оваа функционалност. Безбедна трансакција гарантирана без потреба од внесување на лозинка од страна на купувачот.

Безбедни онлајн плаќања?

Овозможуваме на трговците да примаат плаќања на својата веб-страница и мобилна апликација од купците во Македонија и странство.
Allsecure
Основана во 2001 година, компанијата AllSecure стана глобален провајдер на електронски плаќања, со растечка мрежа на корисници низ цела Европа. Во соработка со водечките регионални и европски банки, ние обезбедуваме услуги за процесирање на плаќања преку најсовремениот платежен гејтвеј на пазарот, сертифициран како PCI level 1. Понудуваме различни поврзани услуги за поддршка и консултации, како и најсовремени решенија за превенција на ризици при плаќањето.
Контакт Инфо
Secured By
pcidss
visasecure
mcidcheck
amexsafekey
dinersprotectbuy
Методи на плаќање
VISA
mastercard
maestro
dinersclub